За нас
Печати

За нас

Креатива Маркетинг Консалтинг ДООЕЛ Скопје е ЕКСКЛУЗИВЕН застапник - увозник на брендот OUXI .
Нашата првична цел беше да го збогатиме изборот и понудата на ексклузивен накит во Македонија но по цени кои се прифатливи за секого.
И не само што нема да отстапиме од таа цел туку и ќе продолжиме да ве изненадуваме, да се развиваме, да ве наградуваме и да бидеме секогаш тука за вас и за вашите најблиски  за уште безброј заеднички и блескави моменти.   

OUXI French Holding Group е официјален партнер на Swarovski® од 2012 година, поточно 11.18.2012 година добива лиценца за производство со ID број 1521460 и отогаш се стекнува со правото да ја користи трговската марка “embellished with crystals from Swarovski®”

Swarovski® е еден од најголемите светски производители на накит од блескави кристали. Останатите производители, кои се партнери и со лиценца на Swarovski®, ги означуваат своите производи со трговската марка или бренд етикета “embellished with crystals from Swarovski®”, "

БРЕНД  - КВАЛИТЕТ -СОСТАВ

ОUXI  модниот бренд е инспириран од Европското романтично модно царство на Франција. Користејќи ја европската и грчка митологија, проникнува како симбол на  божицата на зората - Аурора. Со својот блескав изглед и магичен сјај го освојува и најпрефинетиот вкус.

Придржувајќи се строго на францускиот моден стил, OUXI успеа да дизајнира романтичен, уметнички, луксузен и перфектен накит  неодолив за секоја жена. OUXI е премиум бренд за најпрефинетите кристали произведени од страна на Swarovski, кој им овозможува на креативните таленти и дизајнери ширум светот своите модни идеи и соништа да  ги оживеат користејќи ги кристалите на Swarovski®.

OUXI има свој интернационален тим на дизајнери кои со своите идеи, кретивност и оригиналност успеваат да креираат уникатни модели на накит секој со своја посебна убавина и стил.

 Накитот е изработен од исклучително квалитетен материјал (платиниум,родиум,челик ) , совршена изработка до најситни детали-впрочем, согласно строгите нормативи и контроли за квалитет од страна на Swarovski®.

 OUXI ги поседува и остварува сите ЕУ сигурносни стандарди и е беспрекорно безбеден за користење бидејќи не користи олово кое може да ги оштети нервите и да предизвика анемија, не користи никел кој предизвикува алергии,црвенило и акни, ниту кадмиум кој пак може да им наштети на бубрезите и мозокот.

 ¨Во својот широк асортиман OUXI Made with crystals from Swarovski® ви нуди огромен избор на ОБЕТКИ, ЛАНЧИЊА, АЛКИ, ПРСТЕНИ и комбинација од сите нив како посебни СЕТОВИ.

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ И ЗАШТИТА НА НАКИТОТ

Доколку сакате да го задржите сјајот на кристалот и долговечноста на накитот ве молиме следете ги и почитувајте ги следните совети и упатства:

 1.      Не го користете накитот доколку се капете или при останати активности во и со  вода.

2.      Не нанесувајте парфем, дезодоранс и слични производи  кои би можеле да имаат штетни влијанија врз накитот.

3.      Повремено пребришувајте го накитот со мека-нежна крпа за да избегнете потенцијална корозија и да го задржите сјајот на кристалот.

4.      После секое користење – носење, вратете го накитот и чувајте го во оригиналното пакување.

5.      Заштитете го накитот од триење, силни удари, притисок и влијание од високи температури.

6.      Не го користите накитот при спортски и слични физички активности

7.      После носење на накитот при високи временски температури задолжително пребришете го со нежна-мека крпа.